Поврзете се со нас

Англија

Нотингем го обвини дека „замижал“ за три пенали на еден меч, УЕФА го назначи за ВАР судија на ЕП 2024

Објавено

на

Foto:twitter.com/NFFC

Англискиот судија Стјуарт Атвел се најде инволвиран во контроверзното соопштение на Нотингем Форест, премиерлигашот кој по поразот од Евертон побара реакција од лигата за неговите одлуки како ВАР судија, потенцирајќи дека Атвел е фан на ривалот за опстанок, екипата на Лутон.

Додека Англичаните го решаваат овој проблем и одлучуваат за казна за „шумарите“ поради жестоките зборови објавени преку клупските профили на социјалните мрежи, УЕФА го вклучи Атвел меѓу судиите кои ќе бидат задолжени за ВАР собата за време на претстојното Европско првенство.

– Сите избрани судии ги исполнуваат високите стандарди на УЕФА и имаат одлични перформанси во домашните и европските натпреварувања.

– Европското првенство е најважен турнир за УЕФА и затоа ги избравме најдобрите судии, – вели УЕФА во своето соопштение.

Во меѓувреме, Нотингем бара судиската организација да го објави аудиото од комуникацијата на главниот судија со ВАР собата, барајќи објаснување за три недосудени пенали на дуелот со Евертон. Главен судија пак беше Ентони Тејлор, кој исто така ќе биде дел од судиската елита на ЕП, а ќе му прави друштво на Мајкл Оливер, нивните четворица помошници, како и Дејвит Кут, кој ќе има улога на ВАР судија како Атвел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни