Поврзете се со нас

Англија

Хојлунд застана во одбрана на Фернандеш: Не е фер…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Расмус Хојлунд застана во одбрана на капитенот Бруно Фернандеш и воедно негираше дека има некаков конфликт меѓу нив двајца.

Фернандеш беше критикуван дека не дели доволно топки за соиграчите, топки кои се потребни за повеќе голови кои пак треба да ги испорачаат напаѓачите како што е Холунд за кого ова е прва сезона на „Олд Трафорд“.

Португалецот со 11 асистенции е далеку најдобар играч на Јунајтед во таа категорија, па токму затоа Данецот смета дека понекогаш се претерува со барањата и лошите зборови за Фернандеш кој зад своето име има и уште 15 погодоци.

-Само сакам да му кажам: „Благодарам за топката, Бруно!“. Бев многу среќен поради него бидејќи и тој добива многу критики. Не е фер затоа што тој прави сè на врвно ниво цело време и тој е неверојатен капитен, -рече напаѓачот кој смета дека можат да го освојат ФА Купот.

-Имаме шанса да го освоиме пехарот. Тоа е мојата прва шанса да освојам титула. За мене ова е голем натпревар и мислам дека имаме добри шанси да направиме нешто посебно сега за остатокот од сезоната, -истакна скандинавецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни