Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ за големата загуба: Последен пат плачев по неговата смрт

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/iamzlatanibrahimovic

Златан Ибрахимовиќ е познат по својата брутална искреност на различни теми, а во последното интервју зборувал за болката која ја почувствувал по смртта на својот најблизок соработник.

Се работи за агентот Мино Раиола кој почина во болница во 2022 година, а за чија смрт Ибра вели дека не бил подготвен.

– Смртта на Мино беше голем удар за мене. Тој не ми беше само менаџер, беше пријател, советник… Кога се разболе не ми кажуваше детали, затоа што егото му беше големо и не сакаше да покаже слабост. Не бев подготвен за неговото заминување.

– Мино ме промени како човек, неговото заминување беше и ситуација во која последен пат плачев, плачев многу, до последната солза.

– Никогаш нема да ме напушти, имаме толку многу заеднички спомени. Ако сега треба да му пратам писмо, ќе му пишам дека ми недостасува, – рекол емотивниот Ибрахимовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни