Поврзете се со нас

Шпанија

Дефанзивец најави враќање во Барселона: Се ќе зависи од нив…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона до крајот на оваа сезона ќе се обиде да го освои, потврди второто место во шпанската Примера, а добра можност за тоа е саботниот меч со Џирона која им „дише во врат“ на табелата.

Четата на Чави Ернандес има два бода повеќе од ривалот од Каталонија, па со евентуален триумф и плус пет на четири гола до крајот тогаш ќе биде се многу почисто за шпанскиот великан.

Секако тоа нема да биде лесна мисија за Барса која во спротивниот табор има играчи кои не нејзини, поточно играат како позајмени во актуелнава сезона, а еден од нив е Ерик Гарсија.

Гарсија игра континуирано, констатно, нешто што го немаше во Барселона, меѓутоа и покрај добрите настапи неизвесно е дали ќе добие нова можност на „Камп Ноу“ или ќе биде продаден ова лето.

-Имам договор (со Барселона), па ќе се вратам на крајот од сезоната и ќе разговараме со клубот за да видиме што е следно. Работите ќе зависат од клубот. Знам дека имам уште две години договор и дека морам да се вратам. Сè уште не сме разговарале, па ќе видиме, -порача Гарсија кој во сабота ќе има можснот да се покаже во најдобро светло против четата не Ернандес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни