Поврзете се со нас

Германија

Уште еден удар за великанот: Баерн остана без планираниот тренер за наредната сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен одлучи да ја заврши соработката со Томас Тухел по крајот на актуелнава сезона, потег кој од денешен аспект носи многу прашалници со оглед на тоа што засега клубот се мачи со неговиот наследник, поточно не може да пронајде тренер.

Германскиот великан имаше конкретни желби како Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман, но двајцата му кажаа „НЕ“ на клубот и останаа во актуелните средини.

Меѓутоа последните информации велеа дека клубот конечно направил напредок и искусниот Ралф Рангник ќе слета на „Алијанц Арена“. Сепак ништо нема и од таа опција затоа што Рангник одлучи да остане селектор на Австрија.

-Јас сум селектор на Австрија со со целото мое срце. Навистина уживам во оваа задача и решен сум успешно да продолжам по нашиот избран пат. Би сакал експресно да нагласам дека ова не е одбивање на Баерн, туку одлука за мојот тим и нашите заеднички цели. Нашата целосна концентрација е на Европското првенство. Ќе направиме се што можеме за да стигнеме што подалеку, -порача Ралф за официјалниот бев сајт на австриската фудбалска федерација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни