Поврзете се со нас

Англија

Покетино испрати загрижувачка порака за својата иднина по победата над Тотенхем

Објавено

на

Foto:twitter.com/ChelseaFC

Челси остана во игра за излез во Европа наредната сезона со дерби победата која ја оствари над Тотенхем, бидејќи тимот на Маурисио Покетино сега стигна на само минус три од шестопласираниот Манчестер Јунајтед.

И покрај лошата сезона, „сините“ имаат шанси да ја завршат истата со излез во европско натпреварување и тоа сигурно ќе биде мотив на последните четири натпревари, но кога е во прашање наредната, почнаа да се надвиснуваат многу нејаснотии околу клубот од Лондон.

Маурисио Покетино за првпат потклекна под притисокот и изјави дека не знае дали ќе биде менаџер на Челси следната сезона, па така победата од 2:0 над Тотенхем се најде во втор план.

– Секако дека имам голема одговорност за резултатите, без оглед на тоа што наидов на многу млад тим. Сите знаеме во какви околности ја работевме цела сезона. Почнав да се повторувам, што е доволно, доволно е. На секој тренер му треба време за да ги пренесе своите идеи и својата филозофија, особено кога имате вака млади играчи.

– Потребно ни е уште време, но тоа не е моја одлука. Нема јас да одлучувам дали ќе добијам време. Не знам што ќе се случи, но навистина тешко е да се биде под притисокот цело време, секоја недела ми се суди за нешто во јавноста. Не зависи од мене, нема јас да одлучам дали ќе бидам тука, или пак не следната сезона, – изјави Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни