Поврзете се со нас

Светски првенства

Разиграната Франција ја потопи Шведска и ќе се бори за мундијалска титула

Објавено

на

Селекцијата на Франција ќе и биде ривал на Норвешка во големото финале на 26. Светско ракометно првенство.

Французинките во второто денешно полуфинале и одржаа лекција на репрезентацијата на Шведска со 37-28. Шведска која е еден од ко-домаќините на овој настан едноставно немаше решение за противникот во првото полувреме, период кој им припадна на „триколорките“ со 19-11.

Тука стана јасно во кој правец оди овој меч, односно дека ќе биде многу тешко за скандинавките да се вратат во игра. Второто полувреме мина во рамноправна игра што на крајот донесе сигурно славје на Франција од девет разлика.

Хорачек со девет гола беше прв стрелец кај победникот, на другата страна се истакна Хагман со пет реализации.

Франција и Норвешка веќе одиграа еден дуел на турнирот, славеа првите со 24:23 што дефинитивно е најава за нова драма во неделната пресметка закажана за 19 часот.

Гол во последната секунда: Норвешка преку трилер меч до финале на СП (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни