Поврзете се со нас

Свет

Јакимовски ќе продолжи да игра во НЦАА лигата, но за друг универзитет (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски и во иднина ќе настапува во НЦАА лигата со тоа што сега ќе ги брани боите на друг универзитет.

Андреј од 2020 беше дел од Универзитетот Вашингтон Стејт со кој се реши да се раздели, но има уште една година како опција да настапува за колеџ екипа и неговиот избор е Универзитетот Колорадо Болдер.

Се работи за популарните Бафалос кои ќе имаа нов лик во новата година, а Јакимовски треба да биде еден од играчите со значајна улога.

Андреј во последната сезона за Вашингтон Стејт имаше просек од 9,7 поени, 5,6 скока и 1,3 асистенции по натпревар. Кугарс ја завршија минатата кампања како втори во својата девизија и потоа беа елиминирани во втората рунда на НЦАА турнирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни