Атлетика
Со петтото издание на планинската трка „Водно Матка Треилс“ почнува сезоната на спортските настани во природа

Над 520 учесници од 20 држави се пријавени за планинската трка „Водно Матка Треилс“ која се организира низ најубавите, но воедно и најтешки планински патеки во близина на македонскиот главен град.
В сабота на 2 април планината Водно и кањонот Матка ќе бидат „запоседнати“ од овие атлети, кои годинава се соочуваат со неколку измени. Најбитна е онаа дека поради логистички причини стартот наместо кај полициската станица се префрлува на Средно Водно, во склоп на комплексот „Даре Бомбол“ (над жичницата).
Како и претходно, најтешките трки на 40 и 27 километри се во склоп на овој настан, а новитет е трката на 10 километри насловена како „ИзиРан“. Со ова се збогатува понудата за оние кои сакаат побрзи и покуси трки, а воедно на оваа трка дозволен е настап и на помлади од 18 години. Финишот е повторно на Средно Водно, за разлика од порано кога стрмните искачувања и спуштања конечната цел ја имаа на врвот Крстовар (Водно).
Почетокот на трките е во 7 часот кога стартува натпреварот на 40 километри, по што во 8 часот започнува трката на 27 километри. Во 9 часот е предвидено да стартуваат учесниците во трката на 10 километри. Финишот е предвиден околу 13 часот, кога ќе започне свирката на бендот „The Hounds“. Македонскиот спортски бренд „Реморкер“ е меѓу поддржувачите на оваа манифестација и нејзините учесници.
Публиката е добредојдена да ги бодри учесниците, а дополнителни информации може да се добијат на официјалната веб-страна на „Водно Матка Треилс“, како и преку социјалните мрежи.
Овој настан претставува своевидно отворање на сезоната што во текот на годината е планирана да предвиди уште повеќе возбудувања. На 14 мај во Охрид ќе се организира таканаречанат „Ултра Треил“ трка, а за септември и ноември календарот на активности ги предвидува уште „Крали Марко Треилс“ и „Струмина треил“.
Дополнително, покрај љубителите на трчањето, и љубителите на планинските трки со велосипеди се подготвуваат за стартот на сезоната со настанот „Азот“, кој е закажан за 28-29 мај во Богомила. За оваа манифестација, која исто така е помогната од „Реморкер“ наскоро ќе објавиме повеќе детали.
-
Италијапред 24 часа
Фудбалски „идиот на месецот“: Играч на Венеција го шутна Пелегрини во меѓуножјето (Видео)
-
АТПпред 23 часа
Противпожарен аларм го прекина налетот на Ѓоковиќ, но не можеше да спречи 1000. победа во кариерата! (Видео)
-
Шпанијапред 4 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Шпанијапред 23 часа
Чави со искрена изјава за можното заминување на Де Јонг: За мене тој е многу важен, но….
-
Англијапред 8 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Мурињо имаше што да види: Рома шутна 46 пати, но не победи против „фенерџијата“ (Видео)
-
Германијапред 5 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Италијапред 11 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус