Поврзете се со нас

Дејвис куп

„Кенгурите“ не дозволија изненадување: Австралија е првиот финалист во Дејвис Купот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/atptour

Селекцијата на Австралија успеа да обезбеди пласман во големото финале на Дејвис Куп.

Избраниците на легендарниот Лејтон Хјуит не дозволија изненадување и се справија со репрезентацијата на Финска и ќе се борат за пехарот во ова натпреварување.

Првиот бод за „кенгурите“ им го донесе Алексеј Попирин кој славеше над Ото Виртанен со 7-6(5) 6-2. Првиот сет беше неизвесен, беше решен во тај-брејкот со 7-5 за да вториот оди во еден правец, поточно Попирин ја комплетира започнатата работа.

Во вториот дуел Алекс Де Минор го надигра Емил Русувуори со 2-0 со 6-4 и 6-3, односно со ова ја потврди конечната победата на својата селекција која сега мирно ќе го чека победникот од дуелот Србија-Италија.

Австралија чека Дејвис Куп титула од 2003 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни