Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи промовираше нов тренер

Објавено

на

Фото: https://fcshkupi.com

Фудбалскиот прволигаш Шкупи денеска го претстави својот нов тренер, а се работи за Ернест Ѓока, кој ќе ги води „чаирчани“ до крајот на сезоната.

Албанскиот стручњак ќе го замени досегашниот предводник, Младен Жижовиќ и во последните пет рунди ќе се обиде да го одведе Шкупи до шампионската титула.

Ѓока досега водел повеќе албански клубови, а беше тренер и на Шкендија, со која ја освои титулата во сезоната 2020/21.

Ѓока и Шкупи се договориле за соработка најмалку до крајот на сезоната.

На пет кола до крајот, Шкупи има три бода заостанување зад актуелниот лидер, екипата на Струга која сезонава ја брани титулата во Првата македонска фудбалска лига.

Standings provided by Sofascore
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни