Поврзете се со нас

Свет

Тјери е приказна за себе: Анри излезе со интересна поента за Санчо откако крилото брилјираше против ПСЖ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Тјери Анри навистина знае одлично да се истакне со своите стручни анализи и Французинот често се наоѓа во центарот на вниманието, но ставот кој го пренесе во јавноста за Џејдон Санчо сега стана најпопуларен на социјалните мрежи.

Иако неговото обраќање датира од пред два дена, Анри сакаше да истакне една друга поента која ја занемари цела јавност, а тоа се менталните проблеми кои ги имаше крилниот напаѓач.

Санчо одигра страшен натпревар против ПСЖ и комплетираше 12 успешни дриблинзи, па додека цела јавност му се поклонуваше, Анри посебно ја истакна неговата ментална сила за надминување на тешкиот период.

Џејдон поради ментални проблеми беше во аут со месеци и тренираше индивидуално по Светското првенство, а сега успеа да се врати во форма во ситуација кога беше избркан од Тен Хаг од првиот тим на Јунајтед.

– Сите знаеме дека тој страдаше ментално додека беше во Јунајтед. Кога не сте добри тука (покажува кон главата), не може да имате добри перформанси, без разлика кој сте и за каков талент станува збор. Се гледа дека работите се подобри за него во Германија после тоа што го направи вечерва….

– Мислам дека во Јунајтед одигра 48 настпревари, а на сите тие мина само седум пати. Денеска мина седум играчи во првото полувреме, или како што ми беше кажано, во првите 10 минути. Поентата ми е следна: Менталното здравје не смее да се потцени, тоа не е лесна работа. Кога некој е ментално добар, може да има перформанси како што посакува, – изјави Анри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни