Поврзете се со нас

Англија

Клатенбург брзо стави крај на својата чудна задача во Премиер лигата

Објавено

на

Foto:instagram.com/officialnffc

Марк Клатенбург своевремено беше најдобар англиски судија и симбол за добра арбитража во Премиер лигата, но на стартот на оваа година реши да се врати во домашната елита, и тоа со улога која беше нависитна чудна и специфична.

Клатенбург беше ангажиран од Нотингем Форест за да извршува улога на судиски консултант и да дели совети за подобро справување и прифаќање на судиските одлуки, но откако клубот сериозно распали по независното судиско тело за три недосудени пенали против Евертон, Клатенбург брзо реши да ги спакува куферите.

Фудбалската Асоцијација покрена истрага против Нотингем Форест за експлозивното и нападно соопштение кон судиите по поразот од Евертон, а цела оваа ситуација го пронуди Клатенбург да се повлече од улогата која ја извршуваше од месец февруари.

– Со ова соопштение ја известувам јавноста дека повеќе нема да извршувам анализа за Нотингем Форест. Од февруари оваа година бев горд што имав констултантски договор со клубот.

– Консултантскиот договор го потпишав со добра волја и со надеж дека моето огромно искуство ќе им помогне на луѓето во Нотингем подобро да ги разберат клучните инциденти на еден меч, – порача Клатенбург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни