Поврзете се со нас

АТП

Алкарас ја пропушта последната вистинска подготовка за Ролан Гарос: Неопходно е да одморам (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/MutuaMadridOpen

Карлос Алкарас направи неколкунедена пауза и ги прескокна турнирите во Монте Карло и Барселона, па иако настапи оваа недела во Мадрид, сепак последните перформанси му донеле и разочарувачки вести.

Шпанецот не можеше да се носи со Андреј Рубљов и беше целосно надигран откако го доби првиот сет, но по се изгледа Алкарас играл со болки во вториот и третио сет кој ги загуби со 6:3 и 6:2.

Алкарас повторно почувствувал болка во мускулот на подлактицата и поради тоа се одлучи за една непопуларна одлука, со која автоматски соопшти дека ќе има доста непосакувана подготовка за Ролан Гарос.

Карлито денеска објави дека нема да настапи на Мастерсот во Рим, кој за сите големи тенисери е последна подготовка и увертите за грен слемот во Париз.

– Почувствував болка во подлактицата после играњето во Мадрид. Денеска направив нови прегледи и дијагностицирано е дека болката е последица на последната повреда. Неопходно е да одморам за да можам да играм 100 проценти без болки, – порача Алкарас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни