Поврзете се со нас

АТП

Руски бизнисмен го обвини Алкарас дека учествува во местење тениски мечеви

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Карлос Алкарас заработи невообичаено обвинување според кое учествувал во местење на резултатите на тениските мечеви на кои настапувал.

Рускиот бизнисмен Михаил Салцман кој е поранешен сопственик на голем ланец обложувалници е убеден дека Шпанецот е поврзан со група која профитира од илегално обложување, а најавил дека ќе испрати и цврсти докази за овој случај.

– Многу луѓе се обложуваат во живо, а вообичаено има големи уплати на потенцијалниот последен гејм бидејќи е последна шанса за обложување на тој меч.

– Во случајов имаме турнир на земја во татковината на Алкарас, цела држава навива и се обложува на него. Затоа може да се стигне до голема заработвувачка ако се обложите на противникот, па парите на фановите одат во рацете на група преваранти, – изјавил Салцман за руските медиуми.

Салцман алудирал на сервис гејмовите на Алкарас против Шевченко на 5:0 и против Штруф на 5:3, два меча кои подоцна ги доби и покрај загубените гејмови.

Русинот вели дека испратил информација до надлежните институции во тенисот, а допрва ќе комплетира случај заедно со доказите од субјектите кои следат сомнителни обложувања во Европа и Азија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни