Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ образложи зошто нема баш добар однос со својот татко: Мора да го разберете Балканот….. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ACMonza

Златан Ибрахимовиќ е големо фудбалско име кое се прослави на светската фудбалска сцена во изминатите две децении, а по крајот на играчката кариера, многу брзо се испроба и како директор.

Популарниот Ибра се врати во Милан и сега извршува директорска функција на „Сан Сиро“, но пред летниот период во кој ќе треба да носи многу важни одлуки, Златан реши да одработи и едно интервју во кое откри повеќе детали за својата приватност.

Златан е една од оние личности кои не се срамат да зборуваат за своето семејство, па така во најновото интервју откри дека има одличен однос со својата мајка која работела како чистачка, но не толку добар со неговиот татко кој му овозможил се во животот.

– Семејството ми е малку измешано и мојата мајка всушност е чистачка. Имам добар однос со неа, но малку помалку добар со мојот татко.

– Сепак, тоа не значи дека тој е лош. Не знам дали имаш пријатели од Балкан, но треба да ги разберете луѓето од таму. На Балканот гордоста е важна работа и тоа мора да го разберете. Важно е кој носи храна на маса и кој се грижи за семејството. Мојот татко ме создаде мене, но јас отидов на друго ниво во смисла на економијата и слично. Остварив повеќе и гордоста е таква што тој сега не сака помош од мене. Не бара ништо, но јас сепак му помагам, бидејќи верувам дека тоа е добро. Тоа го правам од срце. Кога правите нешто мислејќи со глава, го правите тоа бидејќи мислите дека сте интелигентен. Кога правите нешто од срце, тоа е она вистинското, – вели Златан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни