Поврзете се со нас

Репрезентација

ФИБА воодушевена од маестро Нено: Димитријевиќ со генијални потези ја направи смешна одбраната на Полска (Видео)

Објавено

на

Македонија одигра далеку поквалитетен натпревар од оној против Естонија и целосно напредуваше како тим на гостувањето во Сосновиец, каде убедливо најдобар кошаркар на паркетот беше Ненад Димитријевиќ.

Големата ѕвезда на Уникс Казањ дочека шанса да игра за репрезентацијата и со своето издание покажа дека е кошаркар каков Македонија немала долго време, па со својата симултанка беше предводник на тимот во големата победа над Полска.

Нашиот тим славеше со 71:96 и ја запиша првата победа во квалификациите за Европското првенство, а бројките се најдобар доказ за тоа каква партија имаше Нено.

Димитријевиќ доби најголем индекс (33) и зад своето име запиша 32 поени, 8 скока и исто толку асистенции, издание со кое ги воодушеви и луѓето кои раководат со социјалните мрежи на ФИБА.

Нено беше комплетно разновиден и покажа класа во сите кошаркарски елементи, но посебно брилјираше со пробивањата и шутевите од полу-дистанца.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни