Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го претстави првото засилување за новата сезона: Подготвен сум за борба, сакам да освојувам трофеи со клубот

Објавено

на

foto: rkvardar.com.mk

Поранешниот македонски шампион Вардар 1961 веќе размислува и за наредната сезона за која веќе го договори првото засилување.

Се работи за домашно освежување, играч кој потекнува од школата на „црвено-црните“, а неговото име е Томче Стојановски. Стојановски во изминатиов период го носеше дресот на Бутел, тим во кој созреа, стана еден од најдобрите, највлијателните играчи и со тоа се избори за кам-бек, враќање во најтрофејниот македонски ракометен колектив.

-Потекнувам од школата на Вардар и секако ми годи оваа покана. не се двоеумев многу. Ги минав сите млади категории во овој клуб, и среќен сум што клубот ме следеше во претходните сезони, а јас со своите настапи им го привлеков вниманието.

-Конкуренцијата во Вардар е голема, но јас сум подготвен за борба, и знам дека секоја конкуренција е добредојдена. Сакам да освојувам трофеи со Вардар, и убеден сум дека овој тим тоа го може. Едвај чекам да почнам да тренирам и грам со моите нови соиграчи, -порача Стојановски кој минатата година беше прогласен за најдобар одбранбен играч во изборот на специјализираниот ракометен портал „24ракомет“ , избор во кој учествуваа читатели, новинари и тренери од Суперлигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни