Поврзете се со нас

Италија

Големи три бода: Рома го доби прекинатиот меч со Удинезе (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Составот на Рома успеа да слави над Удинезе со 2-1 во последниот меч од 32. коло од италијанската Серија А.

Овој меч не се доигра во првичниот термин поради здравствената состојба на дефанзивецот Н’Дика кој легна на теренот во Удине со тоа што првичните информации говореа дека можеби се работи за срцев удар.

Двата клуба се договорија да не го довршат натпреварот, за среќа проблемот на Н’Дика не е срцето и полека закрепнува, односно завршницата, 18 минута, плус судиското продолжение беа доиграни денеска.

Гостите успеа да дадат гол преку Кристанте во 95 минута и да дојдат до три големи бода во борбата за ЛШ.

Сега четата на Де Роси има 58 бода и е на 5. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни