Поврзете се со нас

Англија

Халанд: Пеп не е толку лош менаџер…… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд според многумина не е на исто ниво од минатата сезона, но и покрај честите критики кои ги добива, Норвежанецот стигна до 25 гола на 28 одиграни натпревари во Премиер лигата оваа сезона.

Норвежанецот вчера постигна четири во мрежата на „волците“ и испорача „покер“ за победа на Сити, но кога го напушташе теренот, не беше баш импресиониран што Гвардиола не му овозможува шанса да постигне и петти гол.

Тоа најдобро ја опишува гладта која ја поседува норвешката гол-машина, која по крајот на натпреварот беше далеку посмирена и со насмевка говореше за својот менаџер.

– Не е лошо, 25 гола оваа сезона….. Продолжуваме понатаму, зад себе имам менаџер кој не е толку лош и кој ме турка напред. Се грижи и за сите играчи кои се околу мене…..

– Без нив, овие бројки ќе беа невозможни. Ние гледаме само напред, гледаме на следниот предизвик, имаме уште четири финалиња до крајот на сезоната. Одиме напред и прво се фокусираме само на Фулам, – изјави Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни