Поврзете се со нас

Свет

Меси забележа пет асистенции во едно полувреме, Суарез „испука“ хет-трик (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами губеше на домашен терен од Њујорк Ред Булс по 45 минути игра на домашен терен, но потоа тимот на Тата Мартино одигра нестварно второ полувреме во кое успеа да постигне дури шест гола.

Лео Меси беше инспиратор на нескојдневниот пресврт и успеа да запише дури пет асистенции во вторите 45 минути, но покрај тоа еднаш се запиша и во листата на стрелците.

Луис Суарез постигна хет-трик по додавањата од својот добар пријател, Рохас постигна два, а еднаш погоди и Меси за дополнително зачинување на својата партија за паметење.

Аргентинскиот фудбалски мајстор за првпат во својата кариера режираше пет клучни додавања на еден меч, но исто така првпат учествуваше во шест погодоци за својот тим во МЛС лигата.

Со оваа победа, Интер Мајами останува сигурен на врвот во МЛС лигата, па со ваква игра дефинитивно е главен фаворио за освојување на титулата оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни