Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нов голем проблем за Тухел пред полуфиналето со Реал: Најавениот стартер заврши на патерици

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Томас Тухел има шанса да ја извади лошата сезона за Баерн Минхен со титула во Лигата на шампионите, но за баварците да бидат во прилика да се надеваат на такво нешто, најпрво ќе мора да го минат најтешкиот предизвик во најелитното натпреварување.

Реал Мадрид стои на патот на германскиот великан и реванш полуфиналето на „Бернабеу“ ќе почне со резултат 2:2, откако двата тима си зададоа по два удари на првиот меч на „Алијанц арена“.

Иако на хартија Реал влегува како благ фаворит на реваншот, Тухел не се предава и смета дека шансите се подеднакви и за неговиот тим, дури и во ситуација кога остана без уште еден најавен стартер за гостувањето во престолнината.

Томас имаше безброј проблеми со повреди на клучни фудбалери низ текот на сезоната, а во последната подготовка за реваншот, Тухел остана и без фудбалерот кој одигра многу добро како везен играч во последно време.

Рафаел Гереиро се повреди вчера против Штутгарт и беше изваден во раната фаза на мечот, откако претходно го одигра цело второ полувреме против Реал на првиот меч во Минхен.

– Рафаел не се чувствува добро и всушност во моментот е на патерици. Тој најверојатно е во аут за Реал и тоа е нов горчлив момент за нас. Пред мечот со Штутгарт, имав состанок со медицинскиот тим и од таму добив јасни инструкции. За овој фудбалер 60 минути, за овој 30…. За жал нашата ситуација е таква цела сезона. Гереиро добиваше минутажа за да биде подготвен за среда, но сега е на патерици. Не сакавме да ризикуваме со Даер и затоа го извадив и него. За жал, ова не прогонува од самиот старт на сезоната, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни