Поврзете се со нас

Италија

Касано распали и по Инѕаги: Го освои Скудетото, но треба да биде обвинет за неуспех!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Антонио Касано многу почесто се обраќаше во јавнсота кога беше дел од познатото шоу на Кристијан Виери наречено „Бобо ТВ“, но откако оваа платформа се растури на доста лош начин, напаѓачот не го криеше разочарувањето од својот поранешен колега.

Виери се ослободи од своите соработници со објаснување дека ќе му даде нов формат на своето шоу, а во ситуација кога се уште нема детали за тоа, Касано наоаѓа други платформи за да се обрати во јавноста.

Говорејќи за познат поткаст во Катанија, Касано на своето мени го придодаде и Симоне Инѕаги, за кого смета дека сега добива незаслужни пофалби од јавноста после големиот неуспех кој го имаше две години наназад.

Инѕаги дочека сезона во која го освои Скудетото како тренер на Интер, но Антонио му забележува за тоа што не ги освои претходните две во кое Интер имаше многу силен тим.

– Навистина за мене е чудно што Инѕаги сите го прават стратосферски тренер за освоеното Скудето. Според мене, тој треба да биде обвинет за неуспех. Треба да му се суди за тоа што не успеа да ги освои двете претходни титули во Серија А против тимови кои беа далеку послаби од неговиот, – порачува Касано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни