Поврзете се со нас

Англија

Халанд конечно се огласи и кратко одговори на бруталните прозивки од Рој Кин (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд постигна четири гола во мрежата на Вулверхемптон и му го олесни шампионскиот пат на Манчестер Сити, на кој стојат уште три ривали до крајот на сезоната.

Сити ќе мора да брка три победи за да ја освои титулата четврти пат во низа, а новиот блесок на Норвежанецот отвори ново поглавје кога е неговиот голгетерски квалитет во прашање, особено после последните критики кои ги добиваше во јавноста.

Најбрутален беше Рој Кин кој во изминатите неколку недели го нарече Халанд четвртолигашки и второлигашки фудбалер, па после долго чекање, денеска пристигна и краток одговор од најдобриот напаѓач на Сити.

Халанд бил доста краток во обраќањето по крајот на мечот кој заврши 5:1, игнорирајќи го целосно човекот кој имаше нарушен однос и со неговиот татко за време на играчката кариера.

– Навистина не ми е грижа и не ми гајле што зборува тој човек, – кратко изјавил Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни