Поврзете се со нас

Светски првенства

Инфатино сака Меси да игра и на СП во 2034 година

Објавено

на

Лионел Меси со својата Аргентина го освои Мундијалот во Катар и сега може мирно да им се посвети на обврските до крајот на кариерата без никаков притисок.

Тој на клупски план се реши да се тргне од големата сцена и се пресели во САД каде потпиша за Интер Мајами, но во исто време понатаму настапува за својата селекција. Ветеранот сигурно ќе биде активен за националниот тим на Копа Америка во 2024 година, ама потоа се останува отворено иако соиграчите го тераат да настапи и на мундијалот во 2026 година кој се игра во САД, Канада и Мексико.

Првио човек пак на ФИФА, Џани Инфатино сака пак да го види Меси како игра и на првенството во 2034 година кога би имал 47 години.

-Разговаравме за натпреварот, секако за Светското првенство. Се потсетивме на последното Светско првенство и ги планиравме наердните. Ние сме многу добро, среќни, сите сме согласи, 2026 година ќе биде првото Светско првенство со 48 екипи, ќе биде огромно. Ќе биде тука во Америка, во САД, Мексико и Канада. Тоа ќе биде фудбалска забава, тотален успех, сигурен сум. Се надевам дека тој [Меси] ќе успее да стигне до следното Светско првенство, потоа и во 2034 година. Што и да сака, -истакнал Инфантино на мечот на КОНМЕБОЛ легендите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни