Поврзете се со нас

Германија

Баерн преговара со искусно тренерско име: Тие ме контактираа…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен е во потрага по нов тренер, наследник на Томас Тухел кој ќе ја напушти сегашната функција по крајот на актуелнава сезона.

„Баварците“ засега не успеваат да го решат ова важно прашања, се спомнаа повеќе имиња, ама сите тие кандидати отпаднаа, па сега бундеслигашот по се изгледа се фокусира на поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед и сегашен селектор на Австрија, Ралф Рангник.

Рангник потврди дека веќе се остваравени првични контакти со клубот.

-Баерн Минхен ме контактираше и го известив и ОФБ (Австрискиот фудбалски сојуз). Имаме многу доверлив однос. Мојот фокус е на репрезентацијата на Австрија. Целосно сме фокусирани на Европското првенство. Се чувствувам многу удобно овде. Во моментов, нема причина да се фокусирам интензивно и конкретно на тоа, -рече Рангник и додаде:

-Во моментот кога Баерн би кажал: „Те сакаме“. И тогаш треба да се запрашам „Дали воопшто го сакам ова?“ Ако сакам да направам нешто друго, прво ќе разговарам за тоа со ОФБ. Сакаме да се грижиме за овој тим (Австрија) што е можно подобро – и да направиме што е можно подобро. Имам блиски и доверливи односи со мојот тим. Нема да играме подобро само затоа што велам: „Дефинитивно ќе бидам тука во следните четири години“, -порачал Ралф кој има договор до 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни