Поврзете се со нас

Англија

Мојс се извини за тешкиот пораз кој ќе му го потпише отказот во Вест Хем

Објавено

на

Foto:twitter.com/WestHam

Вест Хем денеска загуби со убедливи 5:0 од градскиот ривал Челси, а овој пораз веројатно ќе значи и дефинитивен крај на престојот на Дејвид Мојс на клупата на премиерлигашот.

Неговиот тим прими пет гола на двете последни гостувања и речиси сигурно ќе остане без место кое води во европските купови, а Вест Хем има само една победа на последните осум одиграни натпревари.

Мојс по средбата експресно им се извинил на фановите за негативното издание, додека тие дефинитивно ќе го зголемат притисокот врз раководството за реализација на најавената менаџерска смена.

– Навивачите беа одлични и навистина жалам за нив и она што го видоа.

– Вообичаено моите тимови не губат на ваков начин, но сега ни фали одреден материјал, како лидерство и ментална сила за да дојдеме до подобри резултати или барем да не бидеме прегазени.

– Јас сум менаџер и најголемиот дел од одговорноста оди на моја сметка, но понекогаш и фудбалерите треба да преземат одговорност, – рекол Мојс.

Раководството на Вест Хем веќе преговара со потенцијалните наследници на искусниот стручњак, а за најсериозен кандидат се смета Хулен Лопетеги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни