Поврзете се со нас

Лига Европа

Асистент на Чаби Алонсо се израдува за следниот ривал, ќе биде посебна мотивација за Рома (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Баер Леверкузен го потврди пласманот во полуфиналето на Лига Европа со ремито на реваншот против Вест Хем, а Чаби Алонсо и неговите избраници сега ќе се соочат со Рома.

Противникот игра во одлична форма по доаѓањето на новиот тренер Даниеле Де Роси, а потврда за тоа се и двете победи во соочувањето со Милан во четвртфиналната фаза на европското натпреварување.

„Волчицата“ е посебно мотивирана да ја освои Лига Европа и сигурно нема да се повлече пред новиот германски првак, а како дополнителна мотивација ќе го има видеото снимено на теренот во Лондон.

На него се гледа како Чаби Алонсо и неговите асистенти дознаваат дека Рома е противник во полуфиналето, а членовите на стручниот штаб се израдуваа кога дознаа дека избегнале соочување со Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни