Поврзете се со нас

Англија

Опции за Португалецот: Пет клубa во кои Фернандеш може да направи трансфер ова лето

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Бруно Фернандеш дефинитивно е најдоброто, најуспешно засилување на Манчестер Јунајтед по ерата на сер Алекс Фергусон, но постои можност таа приказна да заврши во престојниот летен преоден рок.

Португалецот беше искрен, отворен за неговата иднина и порача дека сите опции се отворени, па и да си замине на крајот на сезоната. Се очекува да има одредена чистка на „Олд Трафорд“, а офанзивецот не беше ставен на листата на играчи кои се недопирливи што секако се информации кои допираат до него и потврда за тоа беше изјавата дека двете страни треба да се на иста бранова должина за да продолжат да соработуваат.

Фернандеш може да си замине од Јунајтед: Ако треба да бидам искрен…

На дел од медиумите не им беше потребно многу време за шпекулации, па така „Сан“ излезе со пет потенцијални дестинации за капитенот на премиерлигашот.

Две се од Шпанија, Барселона и Реал Мадрид, потоа ставен е Јувентус, Пари Сен Жермен, а на крајот и Саудиска Арабија каде може дебело да го наплати неговиот престој.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни