Поврзете се со нас

Италија

Паредес го „поткачи“ Мурињо меѓу редови: Напредокот…

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома бележи добри резултати во изминативе месеци и тоа откако клубот се одлучи да направи значајна промена со отказот на Жозе Мурињо кој беше заменет со Даниеле Де Роси.

Во прв момент навистина изгледаше чудна таа улога на „волчицата“ Мурињо да биде заменет со стратег кој едноставно е недокажан и се уште нема доволно искуство, знаење, меѓутоа Де Роси многу добро го познава клубот и успеа со играчите веднаш да изгради посебен однос кој донесе плод на теренот.

Леандро Паредес говореше за овој аспект и дефинитивно меѓу редови го „поткачи“ Мурињо.

-Општиот раст, не само мојот, туку и на тимот, се должи на ентузијазмот што ни го донесе тренерот. Понатаму, неговиот стил на игра повеќе му одговара на тимот и тоа нè натера да напредуваме.

-За мене тој веќе беше тренер кога игравме заедно. Отсекогаш сум бил близок со него, тој секогаш се однесувал добро со мене. Да се има него како тренер е задоволство и чест. Се надевам дека ќе продолжам да работам добро за него и за тимот, -порача Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни