Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ лидер во фуриозното издание на Далас, Бостон обезбезди конференциско полуфинале (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/relevo

Составот на Далас Маверикс се избори за нов брејк во соочувањето со Лос Анџелес Клиперс и тоа откако рано утрово славеше во Калифорнија со убедливи 123:93.

Само првата четвртина беше израмнета (24:25), односно преостанатиот дел од средбата им припадна на гостите со 22:31, 23:33 и 34:24 со што избраниците на Џејсон Кид водат со 3-2 во серијата или поточно се само на еден триумф до обезбедување на битка со Оклахома Сити Тандер која во првата рунда му удри „метла“ на Њу Орлеанс Пеликанс.

Во прв план беше Дончиќ со 35 поени, 7 скока и 10 асистенции по што следуваа Клебер со 15 и Ирвинг со 14 кошеви. Зубац имаше 15 кај поразени, исто колку што и Џорџ кој забележа дабл-дабл со оглед на тоа што собра 11 скокови.

Бостон Селтикс пак со 4-1 ја затвори серијата против Мајами Хит на Истокот. „Келтите“ во својот дом славеа со 118:84 во дуелот во кој Вајт и Браун искомбинираа 50 кошеви.

Центарот Адебајо беше најсветла точка кај „жешките“ со 23 поени, 5 скока и 6 асистенции.

Нареден ривал на Селтикс ќе биде подобриот од Орландо Меџик-Кливленд Кавалирс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни