Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Двојно задоволство: Победата на Борусија над ПСЖ носи голем плус за германскиот фудбал (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд го одбрани својот терен и стекна предност пред реванш полуфиналето во Париз, но победата над ПСЖ носи двојно задоволство за сите вработени во клубот, а воедно и за навивачите.

Минималниот триумф од 1:0 беше доволен Германија да добие и петти учесник во Лигата на шампионите за наредната натпреварувачка сезона, а автоматски тоа значи дека Борусија ќе има место во новиот формат на најелитното натпреварување.

Токму Борусија е петта на табелата во Бундеслигата и со победата над ПСЖ си направи двојна услуга, бидејќи покрај тоа што ќе почне со предност на реваншот, си осигура и место меѓу елитата и наредната сезона.

Пред Германија, за ваков статус се изборија и Италијанците кои исто така ќе имаат пет места во Лигата на шампионите, додека на дофат на такво нешто останаа Англија и Франција.

Покрај Борусија, место во Лигата на шампионите наредната сезона од Германија ќе имаат и Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Штутгарт и РБ Лајпциг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни