Поврзете се со нас

Репрезентација

Јончевски: Ќе продолжиме да ги бараме нашите шанси за ЕП, ова е апсолутно заслужено!

Објавено

на

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација издвојува убедлива победа над Полска од 96:71 во втората средба од квалификацискиот цуклус за пласман на Европското првенство.

Моќно издание: Блескавата Македонија ја понижи Полска на нејзин терен

Иако на хартија важевме за аутсајдери на теренот сликата беше сосема поинаква, нашите кошаркари знаеја што сакаат и што прават низ сите 40 минути и заслужено славевме во Сосновиец со што во многу подобро расположение ќе го дочекаме следниот „прозорец“ закажан за месец ноември во кој ќе имаме две средби со Литванија.

-Двете екипи влегоа со голем респект, особено по поразите во стартното коло. Знаевме дека играме против еден голем, против еден сјајен тим како што е Полска. Можеби ризикувавме со шутот од далечина, како на пример со Балцеровски, но тоа беше дел од нашите тактички замисли кои донесоа резултат. Честитки до сите мои играчи без оглед на тоа дали некој играше една или 39 минути.

-Двата тима имаат големи индивидуалци, но решава тоа кој е подобр во моментумот кој со себе го носи мечот. Сите инволвирани во ова, од моите асистенти, до медицинскиот персонал се заслужни за ова.

-Драго ми е што сеуште имаме шанси за пласман на Евробаскетот. И ќе продолжиме да ги бараме своите шанси за тоа, да бидеме во тоа друштво. Ова е апсолутно заслужено, -истакна селекторот Александар Јончевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни