Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот Вујо размислува за пензија: Веќе сум во зрели години……

Објавено

на

Хрватскиот ракометен сојуз вчера ги изрече казните за ракометниот скандал кој беше режиран во Нашице, но еден ден претходно, Веселин Вујовиќ реши да се раздели со Нексе.

Уште пред да ја слушне казната која ја доби, популарниот Вујо ги спакува своите работи и си замина од клубот, а сега знае дека нема да може да биде тренер во Хрватска најмалку во наредните три месеци.

Суспензијата која ја заработи Вујовиќ е резултат на жестокиот протест кон делегатите за време на мечот со Загреб, но како што стојат работи, постојат шанси истиот да биде последен за поранешниот предводник на Вардар во неговата тренерска кариера.

– Ја очекував казната која ја добив и секако дека тоа ја забрза мојата одлука да си заминам од Нексе. Тоа е што е, ниту ќе се жала, ниту имам желба да менувам нешто околу тоа.

– Тие што одлучуваат, знаат зошто го направиме тоа, за мене казната е завршена прриказна. Сега немам никаков план, ќе видиме што ќе правам понатаму. Веќе сум тренер кој е во зрели години и веќе долго време размислувам дали можеби е време и за повлекување, – гласи изјавата на Вујо дадена за хрватските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни