Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги открил што побарал од раководството на Интер за следната сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Симоне Инѕаги го одведе Интер до шампионската титула во Серија А, но уште отсега му најави на раководството кои се неговите желби за следната сезона.

Тренерот на најдоминатниот тим на „чизмата“ сезонава смета дека Интер не смее да продава фудбалери, туку дополнително да го засили ростерот за остварување на амбициите на повеќе фронтови.

– Веќе зборував со раководството и им порачав на одговорните дека сакам целиот тим да остане и следната сезона.

– Ако се знае колку натпревари треба да одиграме, мора да располагаме со поголем, а не помал ростер.

– Сезонава имавме малку повреди, но тоа не мора да биде така и следната сезона, затоа ќе ни треба поголема конкуренција. Можеби за фановите сега е време за славење и тие не сакаат да слушнат вакви работи, но треба да бидеме подготвени за иднината, – изјавил Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни