Поврзете се со нас

АТП

Рубљов по триумфот на Мастерсот во Мадрид: Последните три-четири дена не можев да спијам

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/MutuaMadridOpen

Андреј Рубљов мораше да прави пресврт, но успеа да го добие финалето на АТП Мастерсот во Мадрид, во кое противник му беше Феликс Оже-Алиасим.

Канадскиот тенисер го доби првиот со 6:4, но Рубљов одговори со 7:5 во вториот и третиот, комплетирајќи го пресвртот за своја втора Мастерс титула во кариерата.

На патот до финалето, Рубљов го совлада вториот носител Карлос Алкарас во четвртфиналето, по што беше подобар од Тејлор Фриц во полуфиналето, за денеска во три сета да дојде до првиот трофеј во шпанската престолнина.

– Може да се каже дека сум најгорд на оваа титула во целата досегашна кариера.

– Бев речиси „мртов“ секој ден, последните три-четири дена воопшто не можев да спијам, – изјавил Рубљов по мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни