Поврзете се со нас

Франција

ПСЖ се спасуваше од пораз против аутсајдерот Ле Авр

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_inside

Екипата на Пари Сен Жермен потфрли и одигра само реми против аутсајдерот Ле Авр (3-3) во дуелот во францускиот шампионат.

Ова за „светците“ беше последен тест пред соочувањето со Борусија Дортмунд во ЛШ, а на истиот домашниот тим покажа доста слабости и може да биде среќен со освоениот бод со оглед на тоа што губеше со 3-1 до 78 минута.

Потоа на сцена стапи нововлезениот Рамош кој прво му асистираше на Хакими за 3-2, а потоа Португалецот и стрелаше во 94 минута за конечни 3-3.

Четата на Енрике е на првата позиција на табелата со 70 бода или има предност од 12 во однос на Монако кој утре му гостува на Лион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни