Поврзете се со нас

Балкан

Риека заработи казна поради навредите на „Армада“ на сметка на Ристовски

Објавено

на

Дисциплинската комисија на Хрватската фудбалска лига денеска ги одреди казните за инцидентите направени од навивачите во последното 33. коло од шампионатот, а меѓу казнетите е и Риека.

На дуелот меѓу Риека и Динамо, навивачката група „Армада“ покрај активирањето пиротехника го навредувала и нашиот интернационалец Стефан Ристовски, за што клубот ќе плати дополнителна казна.

Во официјалниот записник е наведено дека во второто полувреме домашните фанови извикувале „Цигане, цигане“ на сметка на Ристовски, а нашиот фудбалер слушнал и непристојни навреди на сметка на неодамна починатата мајка. Иако вториот дел не е наведен во записникот, Риека ќе плати 4.500 евра за регистрираниот дел од навредите.

За пиротехниката и конфетите е предвидена дополнителна казна, што значи дека Риека ќе плати вкупно 9.500 евра поради недисциплината на своите навивачи.

Риека го загуби дербито со Динамо и овој пораз може да значи нова шампионска титула за гостите од Загреб кои имаат четири бода повеќе на четири кола до крајот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни