Поврзете се со нас

НБА

Шек во лице му порача на Јокиќ дека не требал да биде избран за МВП, Србинот разви пријателска конверзација (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

НБА лигата рано утрово објави дека Никола Јокиќ по третпат во кариерата е избран за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, па автоматски МВП признанието стана топ тема во Америка.

Јокиќ влезе во одбрано друштво и стана само деветтиот играч во историјата кој три пати бил избран за МВП, односно е вториот центарот по Карим Абдул-Џабар кој освоои три вакви награди во четири сезони.

Оваа одлука беше очекувана за најголем дел од јавноста во Америка, но има и такви кои не се целосно задоволни од изборот, меѓи кои и Шекил О’Нил.

Легенарниот Шек е голем симпатизер на Србинот и секогаш го фали кошаркарот на Денвер, но сега во лице му порача дека МВП титулата требала да заврши во други раце.

– Џокеру, како претседател на сојузот на центари во НБА лигата, ти си потпретседател на сојузот. Знаеш дека те сакам, ти си најдобар играч во лигата. Сакам да ти честитам, но сакам да слушнеш и прво од мене. Мислам дека МВП требаше да биде Шеј Гилџес Александер. Тоа не го кажувам како омаловажување кон тебе, честитки во секој случај, – му порача Шек, по што Јокиќ возврати.

– Ти благодарам Шек. Ние овде не ги осудуваме луѓето, се е во ред. Тоа е твое мислење……. Се шегувам, – возврати Јокиќ, по што Шек повторно се обрати.

– Те сакам тебе, ги сакам твоите браќа. Една работа која секогаш ќе ја правиме е да бидеме искрени едни кон други. Честитки, те сакам, – додаде Шек, па Јокиќ заврши.

– Сега сум сериозен, има многу луѓе, многу играчи кои ја заслужуваат наградата. Најверојатно одлучуваат ситници и мали работи. Зад нас е тежок период, загубивме два меча во низа од Минесота и утре одиме таму да се обидеме да ја вратиме серијата во Денвер, – заврши Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни