Поврзете се со нас

Репрезентација

Лазаров: Фарски Острови не принуди да играме на начин на кој не сакавме

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација загуби на гостувањето во Торшавн и со седум гола негатива се враќа во Скопје, па сега пласманот на Светското првенство ќе стане реален само ако избраниците на Кирил Лазаров се надминат себеси на реваншот кој се игра в недела во „Борис Трајковски“.

Македонскиот селектор предупредуваше за налетот на Фарските Острови и уште пред двомечот посочи дека се работи за квалитетна репрезентација која бележи голем ракометен раст, но истовремено не губи надеж и се надева дека во Скопје може да се надокнади негативата од седум гола.

– Фарски Острови беше подобар противник на вчерашниот натпревар и заслужено победи. Ни направија многу проблеми и во нашиот напад каде бевме приморани да играме „седум на шест“ доста време, а не сакавме да играме на тој начин.

– Нивниот напад беше технички скоро перфектен. Иако бевме подготвени за нивниот систем на напаѓање, сепак истите работи поминуваа и не најдовме решение.

– Нема да губиме надеж и ќе веруваме до крај. Имаме неколку дена да се консолидираме и да пробаме да ја анлуираме негативата од седум гола.Ќе ни треба поддршка од публиката како никогаш досега. Ќе се бориме и веруваме во позитивен исход во недела, – изјави Лазаров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни