Поврзете се со нас

НБА

Шок за шампионот: Денвер прокоцка 20 поени предност, Минесота оди во следната рунда

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Timberwolves

НБА лигата ќе добие нов шампион откако Денвер Нагетс доживеа елиминација во конференциското полуфинале од Минесота Тимбервулвс.

Актуелниот првак доживеа уште еден незгоден пораз на домашен терен од „волците“ (90:98) и тоа во ситуација кога имаше и 20 поени предност на почетокот на третиот период.

Резултатот 58:38 не беше доволен за рутинско второ полувреме за Никола Јокиќ и неговите соиграчи, бидејќи Минесота ја подобри играта во одбрана и ја стопи предноста, влегувајќи со само минус еден во завршниот период.

Следуваше доминанта игра на гостите кои дојдоа до 82:92 во завршницата, нокдаун од кој Денвер не можеше да се извлече и ја загуби мајсторката пред своите фанови за конечни 3:4 во серијата.

МекДениелс и Таунс со по 23 поени го предводеа гостинскиот тим во нападот, додека кај Денвер, Мареј и Јокиќ го завршија натпреварот со по 35, односно 34 поени, но немаа вистинска поддршка од соиграчите.

Минесота во конференциското финале ќе се соочи со Далас и ќе има предност на домашен терен, додека на Истокот, Индијана закажа конференциско финале против Бостон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни