Поврзете се со нас

Италија

Лукаку донесе победа, Рома го обезбеди шестото место во Серија А (Видео)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома ја победи Џенова (1:0) со играч помалку на теренот, а пресуден беше голот на Ромелу Лукаку во завршницата на натпреварот на „Олимпико“.

„Волчицата“ остана без Леандро Паредес кој доби црвен картон во 72. минута од натпреварот, но само седум минути подоцна Лукаку го реализираше голот за победа.

Белгиецот ги постави конечните 1:0, но потоа доби жолт картон за соблекување на дресот, поради што ќе биде суспендиран во последното коло на Серија А.

Решавачкиот момент на „Олимпико“ може да го видите ТУКА

Сепак, победата е важна не само што Рома ќе остане на шестото место и ќе биде пред градскиот ривал Лацио, туку има можност да обезбеди и место во Лигата на шампионите.

Доколку Аталанта го освои петтото место на табелата, а истовремено победи и во финалето на Лига Европа, тогаш и шестопласираниот тим од Серија А ќе игра во најелитното европско натпреварување.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни