Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ испорача нов трипл-дабл, Далас преку драма до финале на Западот (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/NBAFRANCE

Кошаркарите на Далас Маверикс ќе играат во финалето на западната конференција и тоа откако ја затворија серијата против Оклахома Сити Тандер со резултат 4-2.

Маверикс посакуваше на домашен терен да ја реши оваа пресметка, цел која ја оствари, но преку една драма, неизвесност, кам-бек со 117:116.

Домаќините одиграа лошо во првиот дел, не беа во посакуваниот ритам и противникот максимално го искористи, па на одмор замина со 64:48. Во третиот период гостите дојдоа и до плус 17, но овој дел севкупно беше добар за избраниците на Кид затоа што дадоа 35 поени и се приближија на „само“ минус седум.

Последните 12 минути беа фантастични, голема борба во која Далас воден од своите навивачи го имаше последниот збор. Имено Тандер губеше со 115:110 на 1 минута и 11 секунди до крајот, меѓутоа покажа карактер и со шест коша во низа поведе со 116:115 на 20 секунди.

Далас тргна во напад, Лука успеа да го проигра Вашингтон кој беше фаулиран на линијата за три поени на три секунди до крајот, Пи-Џеј ги погоди првите две, третото намерно го промаши по што Вилијамс се обиде од својата половина, но не реализираше по што тргна славјето на клубот од Тексас.

Дончиќ завеши со 29 поени, 10 скока и 10 асистенции со што стана само петти играч во историјата на НБА кој забележал три трипл дабл учиноци во низа во плејофот. Ирвинг и Џоунс Џуниор додадоа по 22 кошеви, додека кај гостите Гилџис Александер беше автор на 36 поени, 3 скока и 8 асистенции.

Маверикс по вторпат во последните три години ќе игра во финалето на Западот, ривал ќе им биде подобриот од мајсторката меѓу Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни