Поврзете се со нас

Македонија

Галевски херој, Алкалоид ќе го предизвика Пелистер во борбата за пехарот во Купот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkalkaloid

Ракометарите на Алкалоид успеаа да слават над Вардар со 25-24 во второто полуфинале на Купот на Македонија што се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Ова за клубот од Автокоманда ќе биде прво историско финале, а до истото дојдоа на драматичен начин со одбранет пенал на Галевски во последната секунда. „Црвено-црните“ имаа можност да го однесат мечот во „трето полувреме“, но Срдановиќ беше прочитан од Галевски по што тргна славјето на избраниците на Кире Лазаров кои за пехарот ќе се борат со Еурофарм Пелистер кој вчера беше подобар од Тиквеш.

Се водеше битка за секоја топка, решаваа нијанси, па така Алкалоид беше подобар во првиот дел со 15:13, додека на Вардар му припадна вториот со 11:10.

Мечот за пехар е закажан за в недела од 19:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни