Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике доби уникатен подарок од својот најголем „непријател“ во Франција: Да не има бомба……. (Видео)

Објавено

на

Луис Енрике имаше неколку директни дуели со Александре Руиз и не беше задоволен од прашањата кои му ги поставува новинарот кој е задолжен за интервјуата во Лига 1, но како што одминува времето, така популарниот Лучо е се попопустлив кога е Шпанецот во прашање.

Познатиот новинар има шпанско и француско државјанство и затоа беше избран како идеален соговорник за Луис Енрике од стартот на сезоната, но во една фаза од истата, нервозниот Лучо го нарече најнегативен човек во светот.

Тренерот на ПСЖ му забележувале на Руиз што секогаш ги издвојува само лошите работи од натпреварите на ПСЖ, па откако веќе режираа неколку сцени за паметење, сега режираа уште една по вчерашниот пораз на „светците“.

Луис Енрике режираше урнебесна сцена со најнегативниот новинар во Франција: Навистина си опседнат, затвори го очите….. (Видео)

ПСЖ претрпе пораз на домашен терен од Тулуз и Енрике порача дека тоа бил најлош натпревар на неговиот тим оваа сезона, но за крај си доби сувенир од Руиз како подарорк за неговиот роденден.

Лучо наполни 54 години на 8-ми мај, а како подарок од Руиз доби слика од неговиот фудбалски идол, легендарниот Енрике Кастро – Кини.

– Да не има бомба…. Да не е нешто што ќе ме отруе? Денес ме освои со ова, Кини е мојот идол, нека почива во мир. После ова, можеби и ќе ти простам за се…. , – со насмевка порача Лучо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни