Поврзете се со нас

Формула 1

Норис внесе возбуда на крајот од трката, но Ферстапен остана владетел на Имола

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Макс Ферстапен по третпат во својата кариера победи на трката во Емилија Ромања, но денеска до триумфот на Имола дојде со мала завршна драма во последните кругови.

Холанѓанецот изгледаше недостижно 50-тина круга и возеше осамена трка, но Ландо Норис почна да ја топи предноста во последните десет круга и во еден момент се доби впечаток дека подготвува напад врз актуелниот шампион.

Иако се погрижи за повозбудлива трка во финишот, Ландо дојде на помалку од секунда дури во завршниот круг, па всушност и немаше вистинска шанса да го загрози првото место на возачот на Ред Бул.

Ова беше втора одлична трка за Норис по онаа од пред две недели кога за првпат победи во Формула 1, додека денеска бодови продолжи да собира и Шарл Леклер.

Возачот од Монако ја одбрани честа на Ферари со место на пиедесталот, а со самото тоа се зацврсти на второто место во генералниот пласман.

Ф1 караванот сега се сели во Монако и следна на програма е трката на улиците во Монте Карло, а истата се вози веќе следниот викенд.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни