Поврзете се со нас

Репрезентација

РФМ: Ви благодариме за поддршката, нашата цел останува иста

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Македонската сениорска ракометна репрезентација излезе како победник од бараж пресметката со Фарски Острови и со тоа обезбеди учество на уште еден голем настан, Светското првенство кое во 2025 година ќе се одржи во три земји-Хрватска, Норвешна и Данска.

Двомечот со Фарски Острови го добивме со конечни 61-60 што доволно кажува каква борба се водеше за мундијалскиот билет. Голема улога во овој пласман одигра публиката во СЦ „Борис Трајковски“ која дојде во огромен број и даде поддршка која играчите на теренот ја почувствуваат и го дадоа максимумот од себеси.

Порака денеска стигна од Ракометната федерација на Македонија која им се заблагодари на сите оние кои со цело срце навиваа за нашите ракометари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни