Поврзете се со нас

Репрезентација

Митревски: Моравме да се коцкаме, но успеавме да дојдеме до целта

Објавено

на

Македонија одигра супер квалитетен натпревар во реваншот со Фарски Острови, партија со која успеавме да славиме над незгодниот противник, а со тоа воедно да обезбедиме пласман на уште едно големо натпреварување, мундијалот кој наредната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка.

Оваа победа е слатка и драга, победа во која голманите немаа некоја улога ако се погледне бројот на одбраните, но едноставно некои работи мораа да се променат, одбрана која на крајот даде резултат.

-Можеби поради оваа атмосфера посакуваме реваншот да се игра во Македонија, овде во „Борис Трајковски“. Тие се доста незгодна репрезентација. Тоа го видовме на Европското првенство на кое играа егал со Словенија и Полска, ремизираа со Норвешка. Имаат играчи кои настапуваат во Бундеслигата, а нашиот тим е составен со играчи од домашниот шампионат. Тоа покажува дека имаат квалитет, играат скандинавски ракомет, не губат топки.

-За разлика од првиот натпревар игравме поагресивно, посамоуверено во одбраната, а во нападот бевме многу поподвижни и на крилјата на феноменалната публиката успеавме да избориме пласман на Светското првенство.

-Нашата одбрана, „5+1“ која е доста агресивна не дозволи голманите да имаат голема улога, ама моравме да се коцкаме некако за да ги задржиме најдобрите играчи. Успеавме заедно да пресечеме многу топки, да реализираме во напад. Среќата, квалитетот, знаењето беа на наша страна. Желба имавме пред да се собереме да се пласираме на СП, -порача капитенот Никола Митревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни