Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Крос за најконтроверзниот момент во полуфиналето: Бесот кај играчите на Баерн беше оправдан!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Тони Крос стандардно ги коментира најважните случувања во Реал Мадрид во друштво на својот брат Феликс, а откако во заедничкиот поткаст дадоа свое мислење за освоената титула во Ла Лига, сега дојде ред и на пласманот во големото финале во Лигата на шампионите.

Од целиот разговор на браќата, најинтересен е одговорот кој го имаше Тони за најспорниот момент од полуфиналето против Баерн на „Сантијаго Бернабеу“, кога главниот судија Симон Марчињак не го призна голот на Де Лихт поради претходен прекин на акцијата.

Иако немаше недозволена ситуација, линискиот судија сигнализираше офсајд и ги шокираше гостите од Минхен, па воопшто не чудеше што играчите беснееја веднаш на теренот, но и потоа во микс-зоната.

Томас Тухел и Томас Милер беа најогорчени и испорачаа остри зборови за ситуацијата во Мадрид, а една недела подоцна, Тони Крос вели дека протестите од Баерн биле оправдани.

– Тоа беше многу лоша одлука. Треба да се остави да тече играта и да се дозволи да се заврши акцијата. Мислам дека главен виновник е асистентот. Кога асистентот го подигнува знаменцето, судијата се огласува бидејќи смета дека играчот е три метра во офсајд.

– Бесот кај Баерн беше оправдан, тоа е клучна акција и требаше да ја остави до самиот крај. Што се однесува до епилогот на акцијата, не можам да кажам дали имаше колективно застанување од нашите дефанзивци. Судијата се огласи доста пред да биде испратен удар, во тој момент се почувствува дека тензијата е намалена меѓу сите кои беа задолжени да се бранат од нападот на Баерн, – потенцира Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни