Поврзете се со нас

Шах

Неизвесноста продолжува: ИМ Панчевски се приклучи кон водечката група

Објавено

на

Во петтото коло од Отвореното првенство на Македонија во шах продолжува неизвесноста во борбата за врвот, откако на првите 10 табли, пет меча завршија со поделба на поенот.

Може да се истакне победата на ИМ Филип Панчевски (2432) над ФМ Љубомир Илиќ (2051), со која играчот на ШК Алкалоид стигна до 4 бода и фати приклучок кон водечката група, која сега е уште поголема. Имено, ИМ Емил Ристески има тесна предност на врвот со 4,5 поени, а зад него е група од седум шахисти со по 4 поени, во која се уште и ИМ Тони Лазов (2358) и шампионот од 2021 година, Филип Михов (2225), кои ремизираа во вчерашниот меѓусебен дуел.

Во шестото коло овие шахисти играат меѓу себе, при што на првата табла во дербито се среќаваат ИМ Ристески и ИМ Лазов.

На првенството за жени немаше изненадувања и сите пет партии завршија со победи на подобро рангираните, кои ја имаа улогата на фаворитки. ЖИМ Габриела Коскоска (1993) го доби дуелот со Лиле Аларова (1757), додека, пак, Леа Ефтовска (1797) ја продолжи низата од успешни резултати извојувајќи значајна победа со црни фигури над тимската колешка од ШК Алкалоид, Бонита Јакимова (1523).

На табелата водат Ефтовска и Коскоска со по 4,5 поени од шест кола, додека, пак, третопласираната Жежовска со победата над Ајрадиновска се позиционираше на третото место со 3,5 бода.

На двата турнира денеска е на програмата седмото од предвидените девет кола, со почеток од 17.30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни